Ердоган истакна дека се отвори прозорец за траен регионален мир по одговорот на Хамас за прекин на огнот
- „Турција интензивно работи на запирање на геноцидот во Газа и ги мобилизира сите свои ресурси во секоја област, од хуманитарна помош до дипломатски контакти“, посочи Ердоган.

ИСТАНБУЛ
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека се отвори „прозорец на можности“ за траен мир во регионот по одговорот на палестинската група Хамас на планот за прекин на огнот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа, известува Анадолу.
„Хамас ја покажа, како што направи многу пати досега, својата подготвеност за мир“, рече претседателот Ердоган во своето обраќање на масовната инаугурација и церемонија на поставување камен-темелник во Истанбул, додавајќи дека итно прекинување на израелските напади е клучно и дека не смее да се дозволи да исчезнат новите надежи за мир.
Во врска со планот за прекин на огнот, тој рече дека сосема е можно да се запре крвопролевањето и да се воспостави мир ако сите страни дејствуваат со чувство на одговорност.
Нагласувајќи дека најважната точка на дневниот ред во телефонскиот разговор со Трамп била Газа, Ердоган додаде дека Анкара го поздравува одговорот на Хамас на планот за прекин на огнот на американскиот претседател.
„Турција интензивно работи на запирање на геноцидот во Газа и ги мобилизира сите свои ресурси во секоја област, од хуманитарна помош до дипломатски контакти“, посочи Ердоган.
„Во ОН, Анкара, исто така, го привлече светското внимание со визуелни прикази“, истакна турскиот претседател, додавајќи дека за тоа разговарал „детално“ и со Трамп.
„Целта на Турција во дипломатијата за Палестина е да обезбеди нашите браќа и сестри во Газа што поскоро да постигнат мир, спокојство и безбедност“, истакна Ердоган.
Ердоган рече дека неговата земја ќе продолжи да прави сè што е потребно за да ја спречи смртта на уште едно невино лице, и да им се донесе насмевка на лицата на децата од Газа.
„Турција ги донесе патниците на надежта од Глобалната флотила Сумуд во нашата земја, додаде тој.
Глобалната флотила „Сумуд“, на пат да ја пробие израелската блокада и да достави хуманитарна помош во Газа, се приближи до водите на Газа вечерта на 1 октомври.
Израелската армија ја нападна флотилата, нелегално запленувајќи десетици бродови и приведувајќи стотици активисти.
Станува збор за најголемата флотила што досега тргнала колективно да испорача хуманитарна помош во Газа.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.