Протест под мотото „Кажи стоп на геноцидот“ за поддршка на палестинскиот народ во Скопје
- Стотици граѓани, кои маршот го започна пред споменикот „Симфонија на мирот“, посветен на холокаустот од Втората светска војна, нагласија дека глобалната солидарност и граѓанските акции се неопходни за борба против агресијата и геноцидот.

СКОПЈЕ (АА) - Протест под мотото „Кажи стоп на геноцидот“ во знак на поддршка на палестинскиот народ се одржа денес во Скопје, известува Анадолу.
Стотици граѓани учествуваа на маршот кој започна пред споменикот „Симфонија на мирот“, посветен на холокаустот од Втората светска војна, наспроти гимназијата „Јосип Броз Тито“, сакајќи да се нагласи нагласувајќи дека глобалната солидарност и граѓанските акции се неопходни за борба против агресијата и геноцидот.
Демонстрантите маршираа носејќи транспаренти на кои пишуваше „Слобода за Палестина“, „Сите очи кон Газа“ и „Ова е геноцид, а не војна“.
Демонстрантите ја нагласија важноста на мирната интервенција и повикаа на безбедност на активистите што пловат кон Газа со Глобалната флотила Сумуд носејќи хуманитарна помош, со цел пробивање на израелската блокада, а која беше нападната од Израел во меѓународни води.
Учесниците на протестот нагласија и дека граѓаните на Северна Македонија не треба да бидат неми сведоци на злосторствата што Израел ги изршува врз палестинските цивили.
Протестот заврши во близина на зградата на Владата на Северна Македонија, од каде беше упатен повик за конкретна акција и меѓународна поддршка за запирање на нападите врз Газа и гарантирање на испораката на хуманитарна помош за палестинскиот народ.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.