политика, Балкан

Премиерот Мицкоски оствари средба со српскиот премиер Мацут

Мицкоски на средбата истакна дека Србија е искрен партнер и пријател, со кого Северна Македонија ја споделува визијата за стабилен, безбеден и просперитетен Балкан

Elena Trenchevska Chekovic  | 03.10.2025 - Обновена : 04.10.2025
 Премиерот Мицкоски оствари средба со српскиот премиер Мацут Фото: Влада на РСМ

СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денес оствари средба со премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, кој престојува во официјална посета на земјата, пренесува Анадолу.

Двајцата премиери, како што соопшти Владата на РСМ, разговарале за унапредување на билатералните односи, економската соработка и инфраструктурното поврзување.

„Акцент беше ставен и на трговската размена, заедничките енергетски проекти и олеснувањето на движењето на луѓе и стоки“, се додава во соопштението на Владата.

Мицкоски на средбата истакна дека Србија е искрен партнер и пријател, со кого Северна Македонија ја споделува визијата за стабилен, безбеден и просперитетен Балкан.

Српскиот премиер Мацут, од своја страна, изрази поддршка за реформските процеси во државата и нагласи дека „Белград и Скопје ќе продолжат да соработуваат на заеднички проекти што се во интерес на граѓаните на двете земји“.

Двете страни се согласија дека продлабочувањето на пријателските врски меѓу двете држави претставува значаен придонес за регионалната стабилност и европската перспектива на Западен Балкан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.