свет

Ердоган: Одговорот на Хамас е конструктивен и важен чекор кон постигнување траен мир

- „Одговорот на Хамас на планот за воспоставување прекин на огнот во Газа е конструктивен и важен чекор кон постигнување траен мир“, објави претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган

Muhammet Tarhan  | 04.10.2025 - Обновена : 04.10.2025
Ердоган: Одговорот на Хамас е конструктивен и важен чекор кон постигнување траен мир

ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на својот профил на социјалната мрежа NSosyal, објави: „Одговорот на Хамас на планот за воспоставување прекин на огнот во Газа е конструктивен и важен чекор кон постигнување траен мир“, известува Анадолу.

Нагласувајќи дека она што сега мора да се направи е Израел веднаш да ги прекине сите напади и да се придржува до планот за прекин на огнот, Ердоган во објавата наведе:

„Сите чекори мора да се преземат без одлагање за да се достави хуманитарна помош во Газа и да се постигне траен мир. Овој геноцид, оваа срамна сцена што длабоко ја повредува глобалната совест, мора да заврши сега. Како Турција, ние ќе продолжиме да се бориме со сите наши ресурси за да се осигураме дека разговорите ќе завршат на најкорисен начин за палестинскиот народ и да се реализира решението за две држави, кое го поддржува и меѓународната заедница“.

- Соопштение од турското МНР

Министерството за надворешни работи на Турција објави писмено соопштение во врска со одговорот на Хамас на планот за воспоставување прекин на огнот во Газа.

Во соопштението се вели:

„Оценуваме дека одговорот на Хамас денес (3 октомври) на планот објавен од американскиот претседател Трамп ќе овозможи итно воспоставување прекин на огнот во Газа, непречено доставување хуманитарна помош во регионот и спроведување чекори што ќе овозможат траен мир.“

Во соопштението, исто така, се наведува:

„Израел мора веднаш да ги прекине нападите врз народот во Газа. Ги повикуваме страните веднаш да започнат преговори за постигнување прекин на огнот и да го спроведат решението за две држави, кое го поддржува и меѓународната заедница.“

Се нагласува дека Турција ќе продолжи да ги поддржува преговорите и ќе дава конструктивен придонес.

Хамас претходно објави дека ја прифаќа размената на заробеници според планот на американскиот претседател Трамп за Газа и дека треба да се преговара за одредени други одредби.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.