Турција

Ердоган во пресрет Самитот во Лондон: Реформата на НАТО е неизбежна

Турскиот претседател порача дека земјите членки би требале да работат на јакнење на НАТО за да се соочат со заедничките закани, наместо да бараат алтернативи

Burak Bir  | 03.12.2019 - Обновена : 04.12.2019
Ердоган во пресрет Самитот во Лондон: Реформата на НАТО е неизбежна

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во пресрет на Самитот на НАТО во Лондон повика на безусловна поддршка на Сојузот во борбата против тероризмот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Турскиот претседател во изјавата за медиумите на Меѓународниот аеродром „Есенбога“ во Анкара, порача дека земјите членки би требале да работат на јакнење на НАТО за да се соочат со заедничките закани, наместо да бараат алтернативи.

„Реформата на НАТО во согласност со денешните закани е неизбежна“, изјави Ердоган.

Ердоган исто така нагласи дека Турција е единствената земја која се бори против терористичката организација ДЕАШ, и која ја има поразено во Сирија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.