Турција

Донмез: „На 26 локации пронајдовме резерви во вредност од 60 милиони барели нафта“

- Министерот за енергетика и природни ресурси на Турција, Фатих Донмез, изјави дека, освен откритијата во Црното Море, оваа година на 26 локации на копно се пронајдени резерви во вредност од 60 милиони барели нафта

Ayşenur Sağlam  | 01.11.2021 - Обновена : 02.11.2021
Донмез: „На 26 локации пронајдовме резерви во вредност од 60 милиони барели нафта“

АНКАРА 

Министерот за енергетика и природни ресурси на Турција, Фатих Донмез, изјави дека, освен откритијата во Црното Море, оваа година на 26 локации на копно се пронајдени резерви во вредност од 60 милиони барели нафта, јавува Агенција Анадолија (АА).

Донмез денес во Анкара го претстави планот на буџетот на Министерството за 2022 година пред Одборот за план и буџет при Големото народно собрание на Република Турција (TBMM).

Говорејќи за користењето на гасот во Турција, Донмез изјави дека гасот во текот на 2000-тите години е користен само во пет градови во Турција.

„Денес, природен гас се испорачува во сите наши 81 покраина, во 604 области. Бројот на корисници на гас во 2000-тите беше 1,3 милиони, додека денес тој број се искачи на 17,9 милиони. 82 отсто од населението има можност да користи гас во нашата земја, а моментално 56 милиони жители активно користат гас“, објасни Донмез.

Тој зборуваше за истражување на јаглеводородите и за тековните напори за производство.

„Во нашите поморски подрачја беа завршени 15 дупнатини со нашите национални бродови. Во нашите копнени подрачја беа направени 99 дупнатини за девет месеци, а беа направени околу 224.000 метри дупчење“, рече Донмез, додавајќи:

„Освен откритијата во Црното Море, оваа година на 26 локации на копно најдовме резерви во вредност од 60 милиони барели нафта.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.