Турција

Децата сочинуваат 27,2 отсто од населението на Турција

Популацијата на деца во 2020 година изнесуваше 22,75 милиони, додека вкупното население во Турција броеше 83,6 милиони, објави денес Турскиот институт за статистика (ТуркСтат)

Gökhan Ergöçün   | 20.04.2021
Децата сочинуваат 27,2 отсто од населението на Турција

ИСТАНБУЛ (АА) - Децата сочинуваа 27,2 отсто од населението во Турција во 2020 година, што е помалку од 27,5 отсто во 2019 година, покажуваат официјалните податоци, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Популацијата на деца во 2020 година изнесуваше 22,75 милиони, додека вкупното население во Турција броеше 83,6 милиони, објави денес Турскиот институт за статистика (ТуркСтат).

„Според проекциите за популацијата, процентот на детско население се очекува да биде 26,6 отсто во 2025 година, 25,6 отсто во 2030 година, 23,3 отсто во 2040 година, 20,4 отсто во 2060 година и 19 отсто во 2080 година“, се вели од ТуркСтат.

Од Институтот потсетија дека соодносот во 2018 година беше 46 отсто, 41,8 отсто во 1990 година, 35,2 отсто во 2000 година и 30,8 отсто во 2010 година.

„Просекот на ЕУ за детското население беше 18,2 отсто во 2020 година. Меѓу земјите членки на ЕУ, земја со најголем процент на детско население беше Ирска, 24,2 отсто“, соопшти ТуркСтат, додавајќи дека најнискиот процент е во Италија со 15,8 отсто.

Стапката на старосна (детска) зависност - бројот на деца во возрасната група 0-14 на 100 лица од возрасната група од 15 до 64 години - во Турција до крајот на минатата година беше 33,7 отсто.

Минатата година, стапката на завршување на основното образование беше 98,6 отсто, за ниско средно образование беше 97,7 отсто, а за повисокото средно образование 70,3 отсто.

Соодносот на законски склучени детски бракови за девојчиња и момчиња на возраст од 16 и 17 години во рамките на вкупните законски бракови беше 2,7 отсто кај девојчињата и 0,1 отсто кај момчињата.

Стапката на учество во работната сила на старосната група од 15 до 17 години во 2020 година изнесуваше 16,2 отсто, момчињата учествуваат со 23,4 отсто, а девојчињата со 8,6 отсто.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın