свет

Децата од Газа изразија благодарност до американските студенти за нивната поддршка

„Арапските и европските студенти треба да се огледаат на нив за целосно да се стави крај на војната во Газа“

Mohammad Sıo  | 01.05.2024 - Обновена : 07.05.2024
Децата од Газа изразија благодарност до американските студенти за нивната поддршка

ГАЗА (АА) - Палестинските деца се собраа денес во централниот дел на Појасот Газа за да ја изразат својата благодарност до студентите на американските универзитети кои со денови протестираат во знак на солидарност со Газа, ризикувајќи апсење и академска суспензија, пренесува Анадолу.

„Благодариме на храбрите студенти на американските универзитети“ и „Ви благодариме што стоите покрај Газа“, се дел од транспарентите што ги вееја децата во градот Деир ал-Балах.

„Изразуваме благодарност до американските студенти за нивната солидарност со палестинскиот народ. Арапските и европските студенти треба да се огледаат на нив за целосно да се стави крај на војната во Газа“, рече Палестинецот Авани Хатаб.

Палестинка, која сакаше да остане анонимна, ги повика арапските студенти „да застанат покрај палестинскиот народ во екот на израелската војна во енклавата.“

„Студентите од американските универзитети сочувствуваат со нашето страдање. Го цениме нивниот храбар став“, рече таа.

Универзитетот Колумбија во Њујорк од април е жариште на студентските протести, кои се проширија на десетици универзитети и колеџи низ Соединетите Американски Држави (САД), изразувајќи противење на израелската војна во Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın