Турција

Во југоисточна Турција приведени 16 припадници на ПКК

- Како дел од истрагата што е започната од Канцеларијата на обвинителот во областа Дијарбакир, осомничените, меѓу кои се наоѓаат и директори на локални здруженија, се фатени во истовремените операции низ областите Дијарбакир и Батман.

Jeyhun Aliyev   | 03.03.2021
Во југоисточна Турција приведени 16 припадници на ПКК

ДИЈАРБАКИР

Најмалку 16 лица се приведени во југоисточна Турција поради наводи за поврзаност со терористичката организација ПКК, вели безбедносен извор, јавува Агенција Анадолија (АА).

Како дел од истрагата што е започната од Канцеларијата на обвинителот во областа Дијарбакир, осомничените, меѓу кои се наоѓаат и директори на локални здруженија, се фатени во истовремените операции низ областите Дијарбакир и Батман.

„Потрагата по останатите осомничени е во тек“, изјави изворот, кој бараше анонимност поради ограничувањето за зборување со медиумите.

За време на операцијата се запленети и документи и дигитален материјал на терористичката организација.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои има и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın