Турција

Аеродромот „Истанбул“ е најпрометниот аеродром во Европа со 1.482 летови дневно

- Аеродромот „Истанбул“ е регистриран како најпрометен аеродром во Европа со просек од 1.482 летови дневно во периодот од 21 до 27 април.

Gökhan Yılmaz  | 30.04.2025 - Обновена : 02.05.2025
Аеродромот „Истанбул“ е најпрометниот аеродром во Европа со 1.482 летови дневно

ИСТАНБУЛ (АА) - Европската организација за безбедност на воздушната пловидба (ЕВРОКОНТРОЛ) објави „Извештај за европското воздухопловство“ за периодот 21-27 април, известува Анадолу.

Во извештајот се наведува дека аеродромот „Истанбул“ е рангиран на првото место меѓу најпрометните аеродроми во Европа со просек од 1.482 летови дневно за дадениот период.

По аеродромот „Истанбул“ следуваат Схипхол во Амстердам со 1.419 летови на ден, Хитроу во Лондон со 1.357 летови, Шарл де Гол во Париз со 1.344 летови и аеродромите во Франкфурт со 1.314 летови.

- Аеродромот „Истанбул“

Аеродромот „Истанбул“ на 17 април официјално започна со истовремено оперирање на три посебни писти.

Со оваа инфраструктура, стана прв во Европа и втор во светот по САД со оперирање на три писти истовремено.

Според податоци на Дирекцијата за државни аеродроми на Туркије (DHMI), аеродромот„Истанбул“ во 2024 година опслужил околу 80 милиони патници, што го позиционираше како најголем и втор најпрометен аеродром во Европа.

Исто така, минатата година стана најпрометниот центар за воздушен товар во Европа, според годишниот извештај за сообраќај за 2024 година на Меѓународниот совет на аеродроми (АЦИ) - Европа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın