Репрезентацијата на Северна Македонија се пласираше на Европското првенство во одбојка
На шесттиот ден од квалификацискиот турнир, репрезентација на Северна Македонија ја победи Турција со 3:1 во сетови. Со ова Северна Македонија по втор пат во историјата се пласираше на Европско првенство.

СКОПЈЕ
Машката одбојкарската репрезентација на Република Северна Македонија со победа против репрезентацијата на Турција 3:1 во сетови, во квалификацискиот реванш меч во спорскиот центар Борис Трајковски во Скопје, се пласираше на Европското одбојкарско првенство 2021, што заеднички ќе го организираат Полска, Чешка, Естонија и Финска, јавува Агенција Анадолија (АА).
На шесттиот ден од квалификацискиот турнир, репрезентација на Северна Македонија ја победи Турција со 3:1 во сетови. Со ова Северна Македонија по втор пат во историјата се пласираше на Европско првенство.
Одбојкарите на Северна Македонија, првиот сет кој траеше 25 минути го добија со резултат од 25:9.
Одбојкарите на Турција го израмнија резултатот во вториот сет кој траеше 25 минути, со резултат 21: 25.
Третиот сет го доби репрезентацијата на Северна Македонија со резултат 25:23. Овој сет траеше 28 минути.
Четвртиот сет исто така го добија одбојкарите на Северна Македонија со резултат 25:18, а овој сет траеше 26 минути.
Инаку, со претходните победи во квалификациските натпревари Турција е веќе пласирана на ЕП 2021 и е прва во групата „Ц".
Во квалификациските натпревари кои во Скопје се играа од 11 до 16 јануари во групата „Ц" се натпреваруваа репрезентациите на Северна Македонија, Турција и Босна и Херцеговина.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.