Продолжува ЕМОФ 2025: Шпанија води според бројот на освоени медали, Унгарија со најмногу златни медали
- Шпанија е најуспешна земја со освоени 7 медали, од кои два златни, три сребрени и два бронзени. Следи Италија има 4, еден златен, два сребрени и еден бронзен. Унгарија има 3 златни медали. Турција освои 2 златни медали.

СКОПЈЕ (АА) - 18-тото издание на Летниот европски младински олимписки фестивал (ЕМОФ 2025) продолжува во Северна Македонија. Во досегашните натпревари селекциите на Шпанија освоија најголем број медали, јавува Анадолу.
Денес е вториот ден од натпреварите во различни дисциплини на ЕМОФ 2025. Шпанија е најуспешна земја со освоени 7 медали, од кои два златни, три сребрени и два бронзени.
Зад Шпанија е Италија со 4 медали, од кои еден златен, два сребрени и еден бронзен.
На третото место е Унгарија, која има вкупно 3 медали, сите златни.
Турција во досегашните натпреварувања освоија 2 златни медали.
Од земјите во регионот, Словенија освои еден златен и еден сребрен медал, Босна и Херцеговина еден златен, Грција еден сребрен и два бронзени, додека Србија освои еден сребрен медал.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.