спорт

По Суперкупот, фудбалерите на Челси и Ливерпул го напуштија Истанбул

Актуелните победници од УЕФА Лигата на шампиони и Лига Европа, Ливерпул и Челси, синоќа на стадионот на Бешикташ „Водафон арена“ го одиграа натпреварот во Суперкупот на Европа

Ekipa   | 15.08.2019
По Суперкупот, фудбалерите на Челси и Ливерпул го напуштија Истанбул

ИСТАНБУЛ (АА) - Фудбалерите на Челси и Ливерпул денеска отпатуваа од Истанбул, каде што синоќа се одигра мечот во Суперкупот на Европа, јавува Anadolu Agency (AA).

Фудбалерите и стручниот штаб на Челси претпладне полетаа за Лондон.

Автобусот, пак, со фудбалерите и стручниот штаб на Ливерпул по пристигнувањето на аеродромот во Истанбул, преминаа на терминалот за пасошка контрола. Потоа полетаа за Велика Британија.

Актуелните победници од УЕФА Лигата на шампиони и Лига Европа, Ливерпул и Челси, синоќа на стадионот на Бешикташ „Водафон арена“ го одиграа натпреварот во Суперкупот на Европа.

Одличното фудбалско шоу од трибините го следеа околу 40.000 гледачи, а за безбедноста на стадионот и околу него беа ангажирани околу 15.000 полицајци.

Интересно е тоа што правдата на теренот во Истанбул ја делеше Французинката Стефани Фрапарт. Тоа е првпат во историјата, жена да суди дуел помеѓу машки тимови во натпреварите на Европската фудбалска федерација. Нејзини асистентки беа Французинката Мануела Ноколоси и Мишел О’Нил од Ирска. Улогата на четврти судија му припадна на најдобриот турски арбитер Џунејт Чакир.

Натпреварот од Суперкупот во Истанбул заврши нерешено - 1:1, по што се играа и продолженија.

Веќе во петтата минута од првото продолжение, фудбалерите на Ливерпул одиграа добра акција која со гол за водство повторно ја реализира Садио Мане.

Водството на Ливерпул траеше само 6 минути, а потоа Жоргињо изедначи со рутинска реализација на пенал.

До крајот на продолжението мрежите мируваа, па победникот се бараше преку удари од 11 метри.

Поголема концентрација и спортска среќа имаа фудбалерите на Ливерпул кои со изведувањето на пенали, со резултат 5:4, се закитија со трофеј од Суперкупот на Европа.

По мечот организирана е спектакуларна церемонија на доделување на пехарот и медали од Суперкупот на Европа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın