Одбојкарките на Фенербахче Опет трети на Светското клупско првенство 2021
Фенербахче Опет ја запечати победата во Анкара со резултат по сетови 25-18, 25-7 и 28-26
АНКАРА (АА) - Турскиот одбојкарски тим Фенербахче Опет денес го победи бразилскиот противник Минас со 3:0 во натпреварот за третото место на Светското клупско првенство во одбојка за жени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фенербахче Опет ја запечати победата во Анкара со резултат по сетови 25:18, 25:7 и 28:26.
Во меѓувреме, друг турски клуб, ВакифБанк, денес ќе се соочи во финалето со италијанскиот клуб Имоко Волеј.
Светското клупско првенство во одбојка за жени 2021 се одржува во Анкара, главниот град на Турција. Турнирот се одржува од 14 до 19 декември.
Турција за првпат е домаќин на Светското клупско првенство, кое Меѓународната одбојкарска федерација (ФИВБ) го организира од 1991 година.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
