НБА: Нетс го совлада Репторс, Вориорс загуби од Маверикс
- Бруклин Нетс, во рамките на натпреварите од американската Национална кошаркарска лига (НБА), со 103:116 го совлада Торонто Репторс и ја извојува својата 3. последователна победа

ИСТАНБУЛ
Бруклин Нетс, во рамките на натпреварите од американската Национална кошаркарска лига (НБА), со 103:116 го совлада Торонто Репторс и ја извојува својата 3. последователна победа, известува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 6 натпревари во НБА. Тимот на Нетс, лидерот на Источната конференција, како гостин го совлада Торонто Репторс и дојде до својата 42. победа сезонава.
Најдобар перформанс во редовите на Нетс прикажаа Кевин Дурант со дабл-дабл од 17 поени, 10 скока и 4 асистенции и Џеф Грин со 22 поени и 8 скока.
Кај Репторс најпрецизни играчи беше Кајл Лаури со 24 поени и 6 асистенции, а Оу-Џи Ануноби го заврши натпреварот со 21 поен, 6 скока и 6 асистенции.
- Дејмијан Лилард се запиша во историјата на НБА со 2.000 тројки
На натпреварот во кој Портланд Треил Блејзерс како гостин го совлада тимот на Индијана Пејсерс со 112:113, Дејмијан Лилард се запиша во историјата на НБА како 10. кошаркар што успеал во својата кариера да постигне 2.000 тројки.
Лилард успеа да постигне 2.000 тројки на 671 натпревар, и е вториот кошаркар во НБА кому му успеало тоа во најкусо време по Стефен Кари, кому му појде тоа од рака по одиграни 597 натпревари.
Резултати:
Бостон Селтикс - Оклахома Сити Тандер 115:119
Индијана Пејсерс - Портланд Треил Блејзерс 112:133
Шарлот Хорнетс - Милвоки Бакс 104:114
Торонто Репторс - Бруклин Нетс 103:116
Хјустон Рокетс - Минесота Тимберволвс 107:114
Голден Стејт Вориорс - Далас Маверикс 103:133.