спорт

Милвоки Бакс прваци на НБА-лигата по половина век

Кошаркарите на Бакс по победата против Феникс Санс со резултат 105:98 ја освоија титулата прваци на НБА-лигата, прв пат по 1971 година

Selçuk Buğra Gökalp   | 21.07.2021
Милвоки Бакс прваци на НБА-лигата по половина век

Ankara

МИЛВОКИ (АА) - Кошаркарите на Милвоки Бакс синоќа, по половина век, ја освоија втората титула прваци на северноамериканската НБА-лига, најсилната лига на светот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Кошаркарите на Бакс по победата против Феникс Санс со резултат 105:98 ја освоија титулата прваци на НБА-лигата, прв пат по 1971 година.

Кошаркарите на Милвоки започнаа со добра одбрана и го презедоа водството во првата четвртина, но потоа Санс се вратија во игра постигнувајќи 31 поен.

Во третата четвртина Бакс повторно израмнија, а во последната поведоа и го задржаа водството до крајот на играта.

Јанис Адетокунбо со 50 поени, 14 скокови и пет блокади беше најефикасен во екипата на новите прваци и е прогласен за најкорисен играч на НБА-финалето, додека Крис Мидлтон постигна 17 поени.

За Феникс Санс, Крис Паул постигна 26 коша, а Девин Букер постигна 19 поени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın