спорт

Мексико, следна станица на Формула 1

Утре во 23:00 часот ќе се одржи трката за пол-позиција, а трката за Големата награда на Мексико е закажана за 29 август, недела, со почеток во 21:00 часот.

Doğa Kırmızıoğlu  | 27.10.2023 - Обновена : 29.10.2023
Мексико, следна станица на Формула 1

АНКАРА (АА) - Светското првенство во Формула 1 ќе продолжи со дваесеттата трка во сезоната што ќе се одржи во Мексико, јавува Анадолу.

За Големата награда на Мексико (Мексико Гран при) на патеката „Херманос Родригез“, која е долга 4,3 километри и се наоѓа во Мексико Сити, возачите ќе треба да возат 71 круг.

Утре во 23:00 часот ќе се одржи трката за пол-позиција, а трката за Големата награда на Мексико е закажана за 29 август, недела, со почеток во 21:00 часот.

Шестата трка, која требаше да се одржи во Емилија-Ромања, беше одложена поради поплавите во Италија.

Пред трката за Големата награда на Мексико, пласманот на возачите и тимовите е следниов:

- Пласман на возачите:

1. Макс Верстапен (Холандија): 466 поени

2. Серџо Перез (Мексико): 240 поени

3. Луис Хамилтон (Велика Британија): 201 поен

4. Фернандо Алонсо (Шпанија): 183 поени

5. Карлос Саинц (Шпанија): 171 поен

- Пласман на тимовите:

1. Ред Бул: 706 поени

2. Мерцедес: 344 поени

3. Ферари: 322 поени

4. Мекларен: 242 поени

5. Астон Мартин: 236

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın