Aida Cako
28 Јули 2025•Ажурирај: 30 Јули 2025
СКОПЈЕ (АА) – Наредени транспортни контејнери што формираат дворови, улички и премини беа забележани во градот Чолула, во мексиканската сојузна држава Пуебла, како дел од урбаниот проект „Контејнер Сити“, јавува Анадолу.
Проектот, осмислен како иновативна трансформација на стари транспортни контејнери, претставува динамичен комерцијален и културен простор.
Планирано е просторот да обединува ресторани, уметнички галерии и продавници, во насока на промовирање заеднички и културен живот.
И покрај тоа што развојот на проектот моментно е во застој, основната цел останува насочена кон поттикнување на повторната употреба на материјали и практикување циркуларна економија во урбаното планирање.