Лука Дончиќ постигна 51 поен, негов личен рекорд во НБА-кариерата
Дончиќ на теренот помина нешто помалку од 40 минути, постигнувајќи 51 поен и додаде 9 скока и 6 асистенции

ДАЛАС (АА) ‒ Словенечкиот кошаркарски ас Лука Дончиќ синоќа постигна 51 поен во Далас Маверикс и Лос Анџелес Клиперс, што е рекорден учинок во неговата НБА-кариера, јавува Агенција Анадолија (АА).
Маверикс пред домашната публика ги совлада Клиперси со 112:105, а херој на тимот на Далас беше 22-годишниот Словенец.
Дончиќ на теренот помина нешто помалку од 40 минути, постигнувајќи 51 поен и додаде 9 скока и 6 асистенции.
Тоа беше четврта последователна победа на Далас Маверикс и трет последователен пораз на ЛА Клиперс.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.