спорт

Лига на шампиони: Баерн Минхен и Челси ги совладаа Лацио и Атлетико Мадрид

Синоќа се одиграа уште два натпревари од осминафиналето на Лигата на шампионите, најпрестижното европско фудбалско натпреварување на клупско ниво.

Abdulkadir Karakaya   | 24.02.2021
Лига на шампиони: Баерн Минхен и Челси ги совладаа Лацио и Атлетико Мадрид ( Foto: Stefan Constantin / Anadolu Agency )

ИСТАНБУЛ 

Во првите натпревари од осминафиналето во УЕФА Лигата на шампионите, Баерн Минхен како гостин со резултат 1:4 го совлада Лацио. И екипата на Челси успеа да победи со 0:1 на гостувањето кај Атлетико Мадрид, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Синоќа се одиграа уште два натпревари од осминафиналето на Лигата на шампионите, најпрестижното европско фудбалско натпреварување на клупско ниво.

Екипата на Лацио на Олимпискиот стадион во Рим ја пречека екипата на Баерн Минхен.

Гостите уште од самиот почеток наметнаа силно темпо и веќе во 9. минута полскиот интернационалец Роберт Левендовски го доведе Баерн Минхен во предност од 0:1. По постигнатиот погодок, Баерн продолжи со притисокот на голот на Лацио и во 24. минута Џамал Мусиала му донесе предност на Баерн од 0:2, додека Лирој Сане постигна погодок за 0:3, резултат со кој се замина на полувреме.

На почетокот од второто полувреме, во 47. минута Франческо Ачерби од Лацио постигна автогол и му донесе предност на Баерн од 0:4. Во 49. минута Хоакин Кореаго го постигна единствениот погодок за Лацио и го намали резултатот на 1:4, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот во Лигата на шампионите.

- Левандовски и Мусиала се запишаа во историјата

Триесет и двегодишниот напаѓач на Баерн Минхен, Левандовски, со погодокот на овој натпревар го зголеми бројот на голови постигнати во Лигата на шампионите на 72, со што го надмина поранешниот шпански фудбалер Раул Гонзалес, и стана трет стрелец во историјата на ова натпреварување.

Џамал Мусиала, 17-годишниот играч за врска во редовите на Баерн Минхен, стана најмладиот англиски играч (17 години, 363 дена), кој постигнал гол во Лигата на шампионите. Мусиала, кој за првпат ги затресе мрежите во својот четврти настап во Лигата на шампионите, стана најмладиот голгетер на Баерн Минхен на ова натпреварување.

- Челси победи со погодокот на Жиру

На вториот натпревар што се играше синоќа се сретнаа Атлетико Мадрид и Челси.

Поради превентивните мерки против новиот вид коронавирус (Ковид-19), натпреварот меѓу овие две екипи се одигра на Националниот стадион во Букурешт, главниот град на Романија. Челси победи на овој натпревар со резултат 0:1.

Победата на Челси му ја донесе францускиот интернационалец Оливие Жиру, постигнувајќи погодок со „ножички“ во 68. минута од средбата.

Реванш-средбите на овие два натпревари се закажани за 17 март (среда).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın