спорт

ЕУРО 2024: Денеска се закажани три натпревари, дерби е дуелот меѓу Шпанија и Хрватска

- Вториот ден од Европското фудбалско првенство во Германија (ЕВРО 2024) силите ќе ги одмерат Унгарија и Швајцарија, Шпанија и Хрватска и Италија и Албанија.

Kemal Zorlak  | 15.06.2024 - Обновена : 16.06.2024
ЕУРО 2024: Денеска се закажани три натпревари, дерби е дуелот меѓу Шпанија и Хрватска

АНКАРА (АА) - Љубителите на фудбалот денес ги очекуваат три натпревари на вториот ден од Европското фудбалско првенство во Германија (ЕВРО 2024), известува Анадолу.

Првиот натпревар од групата „А“ се одигра синоќа меѓу Германија и Шкотска, на кој домаќинот извојува победа од 5:1, отворајќи го 17. Европско фудбалско првенство.

Денес првата средба на ЕВРО 2024 е закажана за 15 часот. На стадионот Келн во истоимениот град се игра вториот дуел во групата А меѓу селекциите на Унгарија и Швајцарија.

Во 18:00 часот започнува натпреварот меѓу Шпанија и Хрватска на Олимпискиот стадион во Берлин.

Во последниот денешен натпревар кој е закажан за 21 часот, актуелниот европски првак Италија ќе игра против Албанија на стадионот во Дортмунд.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.