Балкан

Неуспешен и 34. обид за конституирање на косовското Собрание

Од присутните пратеници во салата, само 51 беа за формирање на комисија за тајно гласање за претседател, еден беше против, додека воздржани немаше

Agim Sulaj  | 19.06.2025 - Обновена : 19.06.2025
Неуспешен и 34. обид за конституирање на косовското Собрание Фото: Erkin Keçi/АА

ПРИШТИНА (АА) – Деветтиот состав на Собранието на Косово не успеа да се конституира ниту во 34-тиот обид, поради недостаток на доволен број гласови за изгласување претседател на законодавниот дом, јавува Анадолу.

Претседавачот со Собранието, Авни Дехари, на 1 мај предложи формирање ад-хок комисија за тајно гласање за претседател на Собранието, но сите парламентарни групи, освен Движењето „Самоопределување“, не го поддржаа нејзиното создавање, со тоа што не предложија свој член (пратеник) за оваа комисија.

Од присутните пратеници во салата, само 51 беа за формирање на оваа комисија, еден беше против, додека воздржани немаше.

„Немаме кворум, според тоа ќе се состанеме на 21 јуни во 10:30 часот“, рече претседавачот Дехари.

Втората по големина партија во Собранието, Демократската партија на Косово (ПДК), континуирано бара Движењето „Самоопределување“ да го смени својот кандидат за претседател на Собранието, но, од досегашните изјави за медиумите, вршителот на должноста премиер и лидер на Движењето „Самоопределување“, Албин Курти, изјави дека нема збор за промена на кандидатката Албулена Хаџиу, обвинувајќи ја опозицијата за блокирање на конституирањето на Собранието.

Од потребните минимум 61 глас, кандидатката на Движењето „Самоопределување“, Албулена Хаџиу, досега не доби повеќе од 57 гласа, од кои 48 од Движењето „Самоопределување“ и девет од пратениците од заедниците. Првата конститутивна седница се одржа на 15 април.

На 15 мај лидерите на четирите албански парламентарни политички партии започнаа консултативни состаноци со претседателката Вјоса Османи, со цел што побрзо деблокирање и формирање на новите институции по изборите на 9 февруари 2025 година. Вакви состаноци беа најавени од претседателката Османи и за следните недели, но не се одржаа.

На почетокот на јуни, за време на консултациите на претседателката Османи со претставниците на политичките партии, беше договорено редовните локални избори да се одржат во октомври оваа година. Движењето „Самоопределување“ ја спомена и можноста за одржување вонредни општи избори заедно со овие избори.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın