спорт

Европското фудбалско првенство ЕВРО 2024 продолжува со осминафиналните средби

- По дводневна пауза утре (29 јуни, сабота) со натпреварите од осминафиналето продолжува Европското фудбалско првенство ЕВРО 2024 чиј домаќин е Германија

Emrah Oktay  | 28.06.2024 - Обновена : 30.06.2024
Европското фудбалско првенство ЕВРО 2024 продолжува со осминафиналните средби

ШТУТГАРТ (АА) 

По дводневна пауза утре (29 јуни, сабота) со натпреварите од осминафиналето продолжува Европското фудбалско првенство (ЕВРО 2024) чиј домаќин е Германија, известува Анадолу.

Како освојувачи на првите две позиции пласман во осминафиналето на ЕВРО 2024 обезбедија селекциите на Германија и Швајцарија во групата А, Шпанија и Италија во групата Б, Англија и Данска во групата Ц, Австрија и Франција во групата Д, Романија и Белгија во групата Е и селекциите на Португалија и Туркије во групата Ф.

Во осминафиналето пласман изборија и Словенија, Холандија, Словачка и Грузија како селекции со најдобар резултат меѓу третопласираните репрезентациите од шесте групи на ЕВРО 2024.

Првите натпревари од осминафиналето започнуваат утре. На програмата се две средби. Во 18:00 часот играат Швајцарија и Италија, а во терминот од 21:00 часот се среќаваат селекциите на Германија и Данска.


- Туркије во осминафиналето игра против Австрија

Репрезентацијата на Туркије во осминафиналето ќе се соочи со селекцијата на Австрија.

Турската селекција, која првенството во групата Ф го започна со победа од 3:1 над Грузија, во вториот меч загуби со 3:0 од Португалија. Во третиот натпревар од групната фаза Туркије ја победи Чешка со 2:1.

Туркије како второпласирана во групата Ф со 6 бода, во осминафиналето силите ќе ги одмери со Австрија, лидер на групата Д.


- Осминафинални парови и распоред на натпревари

Ви го претставуваме распоредот на осминафиналните парови и тајмингот на играње на натпреварите.


Сабота, 29 јуни:

18:00 Швајцарија-Италија (Олимписки стадион во Берлин)

21:00 Германија-Данска (БВБ Стадион - Дортмунд)


Недела, 30 јуни:

18:00 Англија-Словачка (Фелтинс арена - Гелзенкирхен)

21:00 Шпанија-Грузија (Стадион Келн)


Понеделник, 1 јули:

18:00 Франција-Белгија (Дизелдорф арена)

21:00 Португалија-Словенија (Франкфурт арена)


Вторник, 2 јули:

18:00 Романија-Холандија (Фудбалска арена Минхен)

21:00 Австрија-Туркије (Стадион Лајпциг)


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.