Дресот на Мајкл Џордан продаден за 1,38 милиони долари
Мајкл Џордан во кариерата го носеше дресот на Чикаго Булс со кој освои шест НБА-титули, 1991, 1992, 1993, 1996, 1997 и 1998 година

ВАШИНГТОН
Дресот на поранешниот американски кошаркарски ас Мајкл Џордан, од студентските денови, што го носеше на насловната страница на „Спортинг њуз“ (Sporting News) во 1983 година, продаден е за 1,38 милиони долари, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од аукциската куќа „Херитиџ аукшнс“ (Heritage Auctions) соопштено е дека е завршена аукцијата што започна на 13 април за дресот на Универзитетот на Северна Каролина, што Џордан го носел во сезоната 1982/1983 година, кога беше избран за играч на годината во северноамериканското првенство НКАА (NCAA).
Џордан во кариерата го носеше дресот на Чикаго Булс со кој освои шест НБА-титули, 1991, 1992, 1993, 1996, 1997 и 1998 година.
Исто така, тој беше шесткратен МВП во НБА-финалето (најкорисен играч) и 14 пати настапи на НБА олстар-викендите.