Валенсија го донесе Мангала од Манчестер Сити
Мангала со шпанскиот прволигаш потпиша двегодишен договор, а интересно е тоа што во Валенсија веќе играл, кога во сезоната 2016/2017 бил позајмен од Сити

ВАЛЕНСИЈА (AA) – Францускиот фудбалер Елиаким Мангала премина од Манчестер Сити во Валенсија без обештетување, пренесува Anadolu Agency (AA).
Мангала со шпанскиот прволигаш потпиша двегодишен договор, а интересно е тоа што во Валенсија веќе играл, кога во сезоната 2016/2017 бил позајмен од Сити. Поранешниот француски репрезентативец имаше важечки договор со Сити до наредното лето, но со оглед на тоа што не е во плановите на менаџерот Џозеф Гвардиола, одлучија бесплатно да го пуштат. Мангал последниот натпревар за Сити го одиграл во декември 2017 година против Кристал Палас, по што е позајмен во Евертон. Но ниту таму не играше, бидејќи претрпе тешка повреда на коленото.
Мангала во Манчестер Сити дојде во 2014 година од Порто за 34 милиони евра. Во текот на кариерата играше уште за Стандард Лиеж. За Манчестер Сити одигра 79 натпревари. Во дресот на Франција 28-годишниот дефанзивец настапи осум пати.