свет

„Џенерал моторс“ повлекува над 3,4 милиони возила поради проблем со кочниците

Од „Џенерал моторс“ соопштија дека може да се случи пумпата во кочниците да исфрли помалку вакуумска сила од потребното, со што се зголемува растојанието за сопирање и ризикот од несреќи

Ekipa   | 11.09.2019
„Џенерал моторс“ повлекува над 3,4 милиони возила поради проблем со кочниците

ДЕТРОИТ (АА) - Под притисок на федералната Влада, компанијата „Џенерал моторс“ (General Motors) во Соединетите Американски Држави (САД), повлекува повеќе од 3,2 милиони пикап и СУВ-возила, за да го реши проблемот со кочниците, пренесува Anadolu Agency (AA).

Повлекувањето ги опфаќа моделите „шевролет силверадо“ (Chevrolet Silverado) и „ГМЦ Сиера“ (GMC Sierra) 1500, 2500 и 3500 пикап-возила од 2014 до 2018 моделска година. Исто така, ги вклучува и „кадилак ескалада“ (Cadillac Escalade) од 2015 до 2017 година, „ГМЦ Јукон“ (GMC Yukon), „шеви субурбан“ (Chevy Suburban) и „тахо“ (Tahoe) од 2015 до 2018 година.

Од „Џенерал моторс“ соопштија дека може да се случи пумпата во кочниците да исфрли помалку вакуумска сила од потребното, со што се зголемува растојанието за сопирање и ризикот од несреќи.

До повлекување на возилата дојде откако Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата во ноември минатата година започна со истрага.

Трговците повторно ќе извршат калибрација на електронскиот модул за контрола на кочниците. Сопствениците за деталите би требало да бидат известени од 6 септември.

Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата започна да го истражува проблемот минатата година, откако добила 111 поплаки од сопствениците за слабиот перформанс на кочниците. Во тоа време Управата имаше девет пријавени несреќи во кои биле повредени две лица.

„Џенарал моторс“ тогаш рече дека ги следи поплаките и барањата за гаранција и дека работи со Владата за нивна проценка.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın