Трамп: Трговскиот договор со Канада ќе биде „многу тежок“ поради ставот за Палестина
„Воу! Канада штотуку објави дека ја поддржува државноста на Палестина. Тоа ќе ни го отежни многу склучувањето трговски договор со нив. Ох, Канада!!!“

ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп утрово ја предупреди Канада дека трговскиот договор ќе биде „многу тежок“ откако Отава објави дека ја поддржува палестинската државност, јавува Анадолу.
„Воу! Канада штотуку објави дека ја поддржува државноста на Палестина. Тоа ќе ни го отежни многу склучувањето трговски договор со нив. Ох, Канада!!!“, објави Трамп на „Truth Social“.
Коментарите на Трамп дојдоа откако канадскиот премиер Марк Карни вчера објави дека земјата ќе ја признае Палестина како држава во септември, поради „неподносливата“ хуманитарна ситуација во Појасот Газа.
„Канада има намера да ја признае државата Палестина на 80. сесија на Генералното собрание на ОН во септември 2025 година“, рече Карни на прес-конференцијата во Отава по претседавањето со виртуелен состанок на Кабинетот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.