свет

САД: Обилните дождови предизвикаа поплави на метро станиците во Њујорк

Вчера гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, прогласи вонредна состојба за градот Њујорк и околните окрузи поради поројните дождови и опасноста од големи поплави

Elena Trenchevska Chekovic  | 01.08.2025 - Обновена : 01.08.2025
 САД: Обилните дождови предизвикаа поплави на метро станиците во Њујорк Фото: Selçuk Acar/АА

СКОПЈЕ (АА) - Поројните дождови предизвикаа поплави во неколку станици на метрото во Њујорк, Соединетите Американски Држави, јавува Анадолу.

Од поплави особено се погодени делови од линијата 6 на њујоршкото метро.

Вчера гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, прогласи вонредна состојба за градот Њујорк и околните окрузи поради поројните дождови и опасноста од големи поплави.

„Ги повикувам сите жители на Њујорк да бидат внимателни, информирани и да бидат претпазливи бидејќи очекуваме прекумерни врнежи од дожд со потенцијал за ненадејни поплави“, порача Хочул преку соопштение.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın