свет

Трамп пристигна во Катар, втора станица од турнејата низ Персискиот Залив

Авионот на Трамп слета на Меѓународниот аеродром „Хамад“, каде што беше пречекан од катарскиот емир шеик Тамим бин Хамад ал-Тани

Mohammad Sıo  | 14.05.2025 - Обновена : 14.05.2025
 Трамп пристигна во Катар, втора станица од турнејата низ Персискиот Залив

ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Катар, негова втора станица од турнејата низ Персискиот Залив по посетата на Саудиска Арабија, пренесува Анадолу.

Авионот на Трамп слета на Меѓународниот аеродром „Хамад“, каде што беше пречекан од катарскиот емир шеик Тамим бин Хамад ал-Тани, според снимката емитувана на катарската телевизија.

Тековната турнеја на американскиот претседател ги вклучува и Обединетите Арапски Емирати.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın