свет

Трамп и Си остварија телефонски разговор за финализирање на договорот за ТикТок, како и за царините

Оваа недела Трамп за новинарите изјави дека се надева оти ќе се финализира договор што ќе ѝ овозможи на апликацијата за социјални медиуми ТикТок да продолжи да работи во САД

Saadet Gökce  | 19.09.2025 - Обновена : 19.09.2025
 Трамп и Си остварија телефонски разговор за финализирање на договорот за ТикТок, како и за царините

ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот кинески колега Си Ѓинпинг денес имаа трет телефонски разговор оваа година, објави кинеската државна новинска агенција Синхуа, јавува Анадолу.

Други детали не беа веднаш достапни, но царините, финализирањето на договорот за американското работење на ТикТок и потенцијалниот самит меѓу двајцата лидери беа високо на агендата.

Разговорот меѓу Трамп и Си започна во 8 часот наутро по американско време (12:00 часот по Гринич).

Оваа недела Трамп за новинарите изјави дека се надева оти ќе се финализира договор што ќе ѝ овозможи на апликацијата за социјални медиуми ТикТок да продолжи да работи во САД.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.