Gizem Nisa Çebi Demir
20 Септември 2025•Ажурирај: 20 Септември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека следната недела ќе разговара за низа прашања со својот американски колега Доналд Трамп во Белата куќа, вклучувајќи ги трговијата, инвестициите и соработката во одбраната, пренесува Анадолу.
„На нашата средба во Белата куќа со мојот почитуван колега и пријател, американскиот претседател Доналд Трамп, ќе разговараме за низа прашања со нашиот сојузник, САД, со кои имаме сеопфатен стратешки однос, вклучувајќи ги и трговијата, инвестициите и одбранбената индустрија“, рече Ердоган во објава на турската платформа за социјални медиуми NSosyal.
Ердоган додаде дека очекува разговорите да имаат пошироко геополитичко влијание.
„Верувам дека нашата средба со претседателот Трамп ќе придонесе за крај на војните и конфликтите во нашиот регион во рамките на нашата заедничка визија за глобален мир и дополнително ќе ја зајакне соработката меѓу нашите земји“, истакна тој.