Турција, свет

Tурскиот претседател на 25 септември во посета на Белата куќа, објави Трамп

„Претседателот Ердоган и јас отсекогаш сме имале многу добри односи. Со нетрпение очекувам да го видам на 25 (септември)!“

Michael Gabriel Hernandez  | 19.09.2025 - Обновена : 19.09.2025
 Tурскиот претседател на 25 септември во посета на Белата куќа, објави Трамп

ВАШИНГТОН (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ја посети Белата куќа за разговори за низа билатерални прашања, објави денес американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Анадолу.

„Работиме на многу трговски и воени договори со претседателот, вклучително и купувањето авиони 'Боинг' од поголеми размери, голем договор за Ф-16 и продолжување на разговорите за Ф-35, за кои очекуваме да завршат позитивно“, наведе Трамп во објавата на својата платформа за социјални мрежи „Truth Social“.

„Претседателот Ердоган и јас отсекогаш сме имале многу добри односи. Со нетрпение очекувам да го видам на 25 (септември)!“, додаде тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.