свет

МСП: Бразил се приклучува кон тужбата на Јужноафриканската Република против Израел за геноцид

Бразил изјави дека го користи ова право како страна во Конвенцијата од 1948 година за спречување и казнување на кривичното дело геноцид

Necva Taştan Sevinç  | 19.09.2025 - Обновена : 19.09.2025
МСП: Бразил се приклучува кон тужбата на Јужноафриканската Република против Израел за геноцид

ИСТАНБУЛ (АА) - Бразил официјално поднесе Декларација за интервенција до Меѓународниот суд на правдата (МСП) во случајот што го покрена Јужноафриканската Република против Израел за прекршувања на Конвенцијата за геноцид во Појасот Газа, објави судот денес, јавува Анадолу

МСП потврди дека Бразил ја поднел својата декларација на 17 септември, повикувајќи се на член 63 од Статутот на судот.

Според член 63, државите што се страни во конвенцијата во постапките пред МСП имаат право да интервенираат.

Бразил изјави дека го користи ова право како страна во Конвенцијата од 1948 година за спречување и казнување на кривичното дело геноцид.

Во својот поднесок Бразил тврди дека се работи за толкувањето на членовите I, II и III од Конвенцијата од страна на МСП и понуди свои правни ставови за тоа.

МСП истакна дека секое толкување дадено во неговата евентуална пресуда би било подеднакво обврзувачко за Бразил.

Судот ги покани и Јужноафриканската Република и Израел да дадат писмени опсервации за интервенирањето на Бразил, во согласност со член 83 од Правилникот на МСП.

Јужноафриканската Република поднесе тужба против Израел на 29 декември 2023 година, обвинувајќи го за кршење на обврските од Конвенцијата за геноцид во своите акции против Палестинците во Газа. Оттогаш МСП издаде низа привремени мерки со кои му нареди на Израел да преземе чекори за спречување акти на геноцид.

Бразил се приклучува на растечкиот список земји што се обидоа да интервенираат во случајот, меѓу кои Колумбија, Мексико, Шпанија, Турција, Чиле, Ирска и други.

МСП, со седиште во Хаг, е главен судски орган на Обединетите нации и решава правни спорови меѓу државите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın