свет

„СЗО треба да биде повеќе децентрализирана, пофлексибилна и потранспарентна"

Октај на вебинарот организиран од страна на Атлантскиот совет и Фондацијата на наследство на Турција, ја раскажа успешната приказна на Турција во борбата против пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19)

Kasım İleri  | 29.05.2020 - Обновена : 30.05.2020
„СЗО треба да биде повеќе децентрализирана, пофлексибилна и потранспарентна"

ВАШИНГТОН

Потпретседателот на Турција, Фуат Октај, истакна дека Светската здравствена организација (СЗО) треба повторно да се структурира на начин да биде повеќе децентрализирана, пофлексибилна и потранспарентна, јавува Агенција Анадолија (АА).

Октај на вебинарот организиран од страна на Атлантскиот совет и Фондацијата на наследство на Турција, ја раскажа успешната приказна на Турција во борбата против пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19).

Тој нагласи дека светот не постигнал добри резултати на испитот во процесот на пандемијата на Ковид-19, но според него, Турција била многу успешна во овој процес.

Потпретседателот на Турција нагласи дека глобализацијата е суспендирана во голема мерка и дека земјите се фокусирале на своите проблеми.

Според него, во процесот на пандемијата на Ковид-19, забележане е раст во позитивниот пристап меѓу Турција и САД и дека се откриени нови можности.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın