Најмалку 58 повредени во ракетен напад врз зграда во Северен Израел
Канал 12 објави дека ракета погодила зграда во градот Кирјат Тивон во близина на градот Хаифа, предизвикувајќи штета на објектот
ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 58 лица се повредени утрово во ирански ракетен напад врз Северен Израел, според јавувањата на медиумите, пренесува Анадолу.
Канал 12 објави дека ракета погодила зграда во градот Кирјат Тивон во близина на градот Хаифа, предизвикувајќи штета на објектот.
Израелската служба за итни случаи „Маген Давид Адом“ соопшти дека нејзините тимови лекуваат 34-годишна жена што од шрапнели се здобила со умерен степен на повреди на грбот.
Медицинарите пружиле помош и евакуирале 58 лица во болниците, меѓу кои и едно со умерен степен на повреди и 57 со многу лесни повреди предизвикани главно од скршено стакло, се вели во соопштението на службата за итни случаи.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
