Над 100 летови одложени или откажани во руски Санкт Петербург поради украински напад со беспилотни летала
„На патниците на откажаните летови им се советува да не остануваат во терминалот на аеродромот“
МОСКВА (АА) - Над 100 летови се откажани или одложени во текот на изминатиот ден поради напад на украински беспилотни летала, соопшти денес аеродромот „Пулково“ во Санкт Петербург, јавува Анадолу.
„Аеродромот 'Пулково' работи со ограничување на воздушниот простор приближно осум часа. Кон алтернативни аеродроми се пренасочени 39 лета, а 34 лета се одложени за повеќе од два часа“, соопшти прес-службата на аеродромот во соопштението на Телеграм.
Се додава дека се откажани и 30 појдовни лета.
„На патниците на откажаните летови им се советува да не остануваат во терминалот на аеродромот“, се истакнува во соопштението.
Гувернерот на регионот Ленинград околу Санкт Петербург во посебно соопштение истакна дека повеќе од 60 украински беспилотни летала биле соборени при пристапот кон градот.
Според него, во нападот биле погодени далноводи и складиште за нафта.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека повеќе од 250 беспилотни летала биле соборени низ целата земја преку ноќ.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
