свет

Мексико прати над 800 тони хуманитарна помош во Куба

„Преку овие акции Владата на Мексико ги потврдува хуманистичките принципи и духот на солидарност, како и својата посветеност на меѓународната соработка меѓу народите...“

Seda Sevencan  | 09.02.2026 - Обновена : 10.02.2026
 Мексико прати над 800 тони хуманитарна помош во Куба

ИСТАНБУЛ (АА) - Мексико прати над 800 тони хуманитарна помош во Куба, потврдувајќи ја својата долгогодишна политика на солидарност со латиноамериканските земји, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата, пренесува Анадолу.

Два брода за логистичка поддршка на мексиканската морнарица, „Папалоапан“ и „Исла Холбокс“, отпловија од пристаништето Веракруз носејќи повеќе од 814 тони продукти наменети за населението на Куба, по инструкции на претседателката Клаудија Шајнбаум.

„Папалоапан“ превезува 536 тони основни прехранбени производи, како и хигиенски производи, а „Исла Холбокс“ носи над 277 тони млеко во прав.

Се очекува бродовите да пристигнат во Куба за четири дена.

Се додава дека треба да се пратат над 1.500 тони млеко во прав и мешунки.

„Преку овие акции Владата на Мексико ги потврдува хуманистичките принципи и духот на солидарност, како и својата посветеност на меѓународната соработка меѓу народите, особено со оние на кои им е потребна хуманитарна помош во ситуации на вонредни состојби. Куба и Мексико се збратимени земји, наследници на долга историја на солидарност што ја почитуваме и денес“, се вели во соопштението.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.