свет

„Катар енерџи“ го прекина производството на течен природен гас по нападите со беспилотни летала врз

- Министерството за одбрана на Катар соопшти дека две беспилотни летала лансирани од Иран погодиле локации во индустрискиот град Месаид и индустрискиот град Рас Лафан

Hümeyra Ayaz  | 02.03.2026 - Обновена : 02.03.2026
„Катар енерџи“ го прекина производството на течен природен гас по нападите со беспилотни летала врз

АНКАРА (АА) - „Катар енерџи“ го прекина производството на течен природен гас (ЛНГ) утринава по нападите со беспилотни летала врз клучните енергетски објекти во оваа држава од Заливот, објави компанијата, јавува Анадолу.

Министерството за одбрана на Катар соопшти дека две беспилотни летала лансирани од Иран погодиле локации во индустрискиот град Месаид и индустрискиот град Рас Лафан.

Според Министерството, едно беспилотно летало погодило резервоар за вода во електрана во Месаид, додека второто погодило енергетски објект во Рас Лафан, што му припаѓа на „Катар енерџи“. Жртви не се пријавени.

По нападите, „Катар енерџи“ објави дека го прекинал производството на течен природен гас (ЛНГ) во погодените објекти, наведувајќи ја како причина безбедносната ситуација.

Властите соопштија дека процената на штета е во тек и дека повеќе детали ќе бидат објавени наскоро.

„Катар енерџи“ соопшти дека ги цени своите односи со засегнатите страни и ќе продолжи да известува за ситуацијата, штом ќе станат достапни повеќе информации.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.