Израел изведе воздушни напади врз Јужен Либан на првата годишнина од прекинот на огнот
- Прекин на огнот беше постигнат на 27 ноември 2024 година, по повеќе од една година напади меѓу Хезболах и Израел, кои започнаа во октомври 2023 година и се претворија во целосна офанзива во септември 2024 година
БЕЈРУТ/ИСТАНБУЛ (АА) – Израелски воени авиони денес изведоа серија воздушни напади врз Јужен Либан, на првата годишнина од договорот за прекин на огнот, пренесува Анадолу.
Нападите беа насочени кон градовите Махмудија и Џармак во областа Иклим ал-Туфа, објави либанската државна новинска агенција ННА.
Сè уште нема информации за жртви.
Израелскиот јавен сервис КАН тврди дека нападите биле насочени кон места каде што Хезболах наводно складирал оружје.
Нема коментар од Хезболах или од либанските власти за нападите.
Прекин на огнот беше постигнат на 27 ноември 2024 година, по повеќе од една година напади меѓу Хезболах и Израел, кои започнаа во октомври 2023 година и се претворија во целосна офанзива во септември 2024 година. Над 4.000 луѓе се убиени, а 17.000 се повредени во израелските напади.
Според договорот за прекин на огнот, израелската армија требаше да се повлече од Јужен Либан овој јануари, но наместо тоа таа се повлече само делумно и понатаму е присутна на пет гранични пункта.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
