свет

Израелските напади и уривањето куќи во Појасот Газа продолжуваат и покрај прекинот на огнот

- Израелските воени авиони ја нападнаа населбата Ал-Туфа во градот Газа, која спаѓа во жолтата зона контролирана од Израел, изјавија очевидци за Анадолу.

Betül Yılmaz  | 27.11.2025 - Обновена : 27.11.2025
Израелските напади и уривањето куќи во Појасот Газа продолжуваат и покрај прекинот на огнот

ГАЗА/ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската Армија продолжи да спроведува воздушни напади врз Појасот Газа денес, како и операции за уривања на куќи и покрај прекинот на огнот, според локални извори, јавува Анадолу.

Израелските воени авиони ја нападнаа населбата Ал-Туфа во градот Газа, која спаѓа во жолтата зона контролирана од Израел, изјавија очевидци за Анадолу.

Експлозиите што ги погодија станбените згради одекнуваа низ целата област.

Во јужниот дел на Појасот Газа, сведоци пријавија израелски воздушни напади и операции за уривање куќи во Бани Сухаила, источно од Кан Јунис.

Во областите, исто така, беше забележан интензивен оган од израелските хеликоптери и механизација.

Нема информации за жртви меѓу Палестинците.

Со недели, жолтата зона, голем дел од Газа под контрола на Армијата, беше место на секојдневни израелски напади и експлозии насочени кон станбените згради.

На Палестинците им беше забрането да стигнат до областа, бидејќи израелската Армија пука во секој што ќе се приближи до линијата под безбедносен изговор.

​​​​​​​Според Министерството за здравство на Газа, најмалку 347 Палестинци се убиени, а речиси 900 се повредени од израелскиот армиски оган од почетокот на прекинот на огнот.

Од октомври 2023 година, израелската Армија уби речиси 70.000 луѓе во Газа, претежно жени и деца, и повреди повеќе од 170.900 луѓе во двегодишната војна што го остави поголемиот дел од енклавата во урнатини.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.