свет

„Израел води тајни разговори со Русија за Иран и Сирија за време на прекинот на огнот“

По понудата на Русија да посредува меѓу Израел и Иран, израелските власти наводно започнале разговори со Москва околу една недела по прогласувањето на прекинот на огнот

Faruk Hanedar  | 03.07.2025 - Обновена : 04.07.2025
„Израел води тајни разговори со Русија за Иран и Сирија за време на прекинот на огнот“

ЕРУСАЛИМ/АНКАРА (АА) - Израел водел тајни преговори со Русија за Иран и Сирија за време на постигнатиот прекин на огнот со Техеран, пренесува Анадолу.

Израелскиот државен радиодифузер КАН соопшти дека Тел Авив имал контакти на високо ниво со Москва во обид да најде дипломатско решение и за Иран и за Сирија.

По понудата на Русија да посредува меѓу Израел и Иран, израелските власти наводно започнале разговори со Москва околу една недела по прогласувањето на прекинот на огнот.

Во веста не се дадени конкретни детали за содржината на разговорите.

Во меѓувреме, се наведува дека Израел бара и поширок договор со САД за Иран.

Според веста, се очекува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го отвори прашањето за време на неговата планирана средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон следната недела.

Израел наводно има цел да постави рамка за Иран слична на договорот постигнат претходно со Либан.

Израел започна воздушни напади врз Иран на 13 јуни, кои беа прекинати по објавувањето на прекинот на огнот од страна на Трамп на 24 јуни.

Откако стапи на сила прекинот на огнот со Иран, израелските претставници разговараа за проширување на „договорите за нормализација“, познати и како Аврамови договори, а се тврди дека во тек се и преговори со Сирија како дел од овие напори.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.