Групи за човекови права: Билансот на загинати во протестите во Иран достигна 2.677
Тековните протести, предизвикани од незадоволството од економските услови, довеле и до притворање на 19.097 лица, според новинската агенција Активисти за човекови права
ИСТАНБУЛ (АА) – Група за човекови права со седиште во САД синоќа соопшти дека бројот на жртви во протестите во Иран достигнал 2.677, пренесува Анадолу.
Тековните протести, предизвикани од незадоволството од економските услови, доведоа и до притворање на 19.097 лица, објави новинската агенција Активисти за човекови права.
Во судирите што избувнаа за време на протестите животот го загубиле 2.677 лица, соопшти Агенцијата.
Иранските власти досега не дадоа никакви изјави за вкупниот број на убиени или повредени лица за време на протестите.
Протестите започнаа на 28 декември во главниот град Техеран, кога дуќанџиите, трговците и сопствениците на мали бизниси организираа штрајкови и демонстрации во знак на протест поради зголемената инфлација, падот на ријалот и влошувањето на економските услови.
Оттогаш демонстрациите се проширија во повеќе градови и ескалираа во антивладини изрази на незадоволство во кои беа вклучени работници, студенти и други.
