свет

Во експлозија во Северозападен Пакистан загинаа тројца полицајци

Експлозијата се случила во подрачјето на Панијала во округот Дера Исмаил Кан, каде што полициско комбе било цел на милитантите, изјави телефонски за Анадолу полициски службеник од полициската управа на округот

Islam Uddin  | 03.12.2025 - Обновена : 03.12.2025
 Во експлозија во Северозападен Пакистан загинаа тројца полицајци

ИСЛАМАБАД (АА) - Најмалку тројца полицајци се убиени во експлозија со која е целено кон полициско комбе во Северозападен Пакистан, соопшти денес полицијата, јавува Анадолу.

Експлозијата се случила во подрачјето на Панијала во округот Дера Исмаил Кан, каде што полициско комбе било цел на милитантите, изјави телефонски полициски службеник од полициската управа на округот за Анадолу.

„Досега тројца полицајци, меѓу кои еден заменик-инспектор, се убиени. Сепак, сè уште ја утврдуваме природата на експлозијата - дали станува збор за импровизирана експлозивна направа или директен напад“, рече службеникот.

Ова е трет напад врз полицијата и цивилната администрација во областа последните три дена. Вчера четири лица, меѓу кои еден висок претставник на властите во округот и двајца полицајци, беа убиени во напад на милитанти на патот Бану-Мираншах во округот Бану. Во понеделникот беше убиен еден полицаец, а шестмина беа повредени во самоубиствен бомбашки напад врз безбедносните сили во Лаки Марват.

Јужните области на Хајбер Пахтунхва долго време се соочуваат со напади од милитанти, а последниве години јужноазиската земја бележи пораст на нападите.

Доцна синоќа пакистанската армија соопшти дека најмалку седуммина милитанти се убиени во текот на операцијата заснована врз разузнавачки информации, спроведена во областа на Северен Вазиристан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.