Вучиќ: Парламентарни избори во Србија ќе се одржат најдоцна во рок од една година
„И да видиме дали ќе има само парламентарни избори или ќе има парламентарни и претседателски избори заедно. Но, надлежните институции ќе донесат одлука за тоа“
САРАЕВО (АА) - Претседателот на Србија Александар Вучиќ денес изјави дека земјата влегла во изборна година и дека единственото прашање што останува е дали покрај парламентарните избори ќе се одржат и претседателски избори, јавува Анадолу.
Вучиќ изјави дека парламентарните избори ќе се одржат најдоцна во рок од една година, а дека надлежните институции ќе одлучат дали истовремено ќе се одржат и претседателски избори.
„Денес официјално влеговме во изборната година и нема сомнение дека ќе имаме избори најдоцна во рок од една година“, рече Вучиќ во изјава за медиумите во селото Толиќ во близина на Мионица, пренесува Танјуг.
Српскиот претседател додаде дека се во тек подготовките за изборите, за да се види кој учествува на изборите, колку листи и на кој начин, и кои се кандидатите.
„И да видиме дали ќе има само парламентарни избори или ќе има парламентарни и претседателски избори заедно. Но, надлежните институции ќе донесат одлука за тоа“, додаде тој.
Вонредните парламентарни избори во Србија се одржаа во 2023 година.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
