„Вооружените беспилотни летала дадоа значителен придонес за промоција на Турција како регионална сила во 2020 година“
„Турција, со нејзината способност да испорачува резултати, се издигна на ниво на голем регионален брокер, поголем од САД, Кина и Русија“, истакнува Фукујама

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот политички теоретичар Франсис Фукујама во својата статија „Мрморења за Блискиот Исток“, објавена во списанието „American Purpose“ ги пофали моќните ефекти што турските вооружени беспилотни летала (SİHA) ги создадоа во регионот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Фукујама истакна дека на почетокот на 2010 година во областа на вооружената технологија на беспилотни летала, САД и Израел воспоставиле игра, но во подоцнежните години Турција на брз начин се појавила како нов актер во овие области.
„Со вооружените беспилотни летала (SİHA) беше сменет глобалниот поглед и Турција стана главен актер“, рече Фукујама, додавајќи дека Турција, вооружените беспилотни летала кои ги произведува самостојно, ги користела во Либија, Сирија, Нагорно Карабах и против терористичката организација ПКК.
- „Турција се издигна на ниво на голем регионален брокер“ -
„Во овој процес, Турција, со нејзината способност да испорачува резултати, се издигна на ниво на голем регионален брокер, поголем од САД, Кина и Русија“, нагласи Фукујама.
Покажувајќи примери на вооружени беспилотни летала како што се „TБ-2“ и „Анка“, Фукујама рече дека своевремено Турција од САД не можела да ги добие беспилотните летала „Предатор“ и „Рипер“.
Фукујама исто така додаде дека Турција од Израел ги купила беспилотните летала „Херон“, но, потоа имала проблематични односи со оваа земја, затоа категорично решила да произведува сопствени беспилотни летала.
Истакнувајќи дека перформансите на турските СИХА се импресивни, американскиот политички аналитичар рече: „Најновите турски беспилотни летала се доста импресивни; на пример, „TБ-2“ може да остане во воздух 24 часа и може да извршува и извидувачки и нападни мисии.“
Фукујама, наведувајќи дека турските вооружени беспилотни летала за првпат сеопфатно се користени во март 2020 година во Сирија откако се убиени 36 турски војници, рече дека со СИХА целосно се уништени воените елементи, вклучително и системите за противвоздушна одбрана.
Истакнувајќи дека мисиите на турските СИХА извршени на терен најпрво во Либија, а потоа и во регионот Нагорно Карабах, биле изненадувачки, Фукујама рече дека е забележителна штетата што овие летала им ги задале на воените елементи на Ерменија.
- „Употребата на беспилотните летала од страна на Турција ќе ја промени природата на копнените трупи“ -
„Ми се чини дека употребата на беспилотните летала (СИХА) од страна на Турција ќе ја смени природата на копнените сили и ќе ја разниша постојната структура на моќ“, нагласи Фукујама.
Посочувајќи дека беспилотните летала ќе бидат во центарот на војните и конфликтите во блиска иднина, Фукујама за ефективноста на турските беспилотни летала рече:
„Вооружените беспилотни летала СИХА радикално ја сменија оваа ситуација затоа што се релативно евтини, тешко се поразуваат и не ги ризикуваат животи на пилотите. Армиите низ светот сега размислуваат како да се одбранат од беспилотните летала. Не е јасно кој ќе победи во војната помеѓу СИХА и мерките кои ќе се преземат против СИХА. Вооружените беспилотни летала дадоа значителен придонес за промоција на Турција како регионална сила во 2020 година. Земјата на одлучен начин го назначи резултатот на наведените конфликти и ветува дека ќе стори повеќе.“
Во својата статија, Фукујама наведува дека за време на војните во Заливот во 1991 и 2003 година копнените трупи биле распоредени околу тенковите и дека долги години еден тенк било можно да се уништи само со друг тенк.
Со напредувањето на технологијата, како што истакнува Фукујама во статијата, станало полесно да се уништат тенковите, но тоа сѐ уште повлекува сериозни трошоци.
Додавајќи дека Турција се обидува да воспостави рамномерни односи со земјите од регионот и дека тоа оди многу тешко, Фукујама рече дека Турција со военото присуство во Сирија спречува можен масакр во Идлиб.