свет

Њујорк домаќин на 99. традиционална парада по повод Денот на благодарноста

- Со своето 99. издание парадата е една од најдолгите празнични традиции во градот, која се одржува секоја година почнувајќи од 1924 година

Elena Trenchevska Chekovikj  | 27.11.2025 - Обновена : 27.11.2025
Њујорк домаќин на 99. традиционална парада по повод Денот на благодарноста Jacek Boczarski/AA

СКОПЈЕ (АА) - Парадата „Мејсис“ по повод Денот на благодарноста се одржа денес на улиците на Њујорк, Соединетите Американски Држави (САД), воодушевувајќи ги њујорчани со големите балони, раскошните платформи и настапите во живо, јавува Анадолу.

Со своето 99. издание парадата е една од најдолгите празнични традиции во градот, која се одржува секоја година почнувајќи од 1924 година.

Изведувачи облечени во празнични костими ја забавуваа публиката.

Парадата мина по вообичаената патека долга 4 километри низ Менхетен.

Слични паради за Денот на благодарноста се одржуваат и во други градови во САД.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.