Elena Trenchevska Chekovikj
27 Ноември 2025•Ажурирај: 02 Декември 2025
СКОПЈЕ (АА) - Парадата „Мејсис“ по повод Денот на благодарноста се одржа денес на улиците на Њујорк, Соединетите Американски Држави (САД), воодушевувајќи ги њујорчани со големите балони, раскошните платформи и настапите во живо, јавува Анадолу.
Со своето 99. издание парадата е една од најдолгите празнични традиции во градот, која се одржува секоја година почнувајќи од 1924 година.
Изведувачи облечени во празнични костими ја забавуваа публиката.
Парадата мина по вообичаената патека долга 4 километри низ Менхетен.
Слични паради за Денот на благодарноста се одржуваат и во други градови во САД.