свет

Јафа, древниот пристаништен град на Средоземно Море

Историскиот медитерански град, чија историја датира од времето на божјите пратеници, е комбинација на модерна и античка архитектура со тесните улички и разнобојните градби.

Erdoğan Çağatay Zontur  | 11.08.2023 - Обновена : 12.08.2023
Јафа, древниот пристаништен град на Средоземно Море

ЈАФА (АА) - Сместен во јужниот дел на Тел Авив, Израел, древниот пристаништен град Јафа се смета за една од најстарите населби во светот, јавува Анадолу.

Историскиот медитерански град, чија историја датира од времето на божјите пратеници, е комбинација на модерна и античка архитектура со тесните улички и разнобојните градби.

Јафа отсекогаш бил еден од најпознатите градови што туристите со нетрпение очекуваат да го посетат благодарение на неговата географска положба и историската текстура со која се карактеризира.

Јафа привлекува посетители со архитектурата, продавниците за сувенири, уметничките галерии, продавниците за накит и шопингот, како и со местата за богослужба.

Исто така, во градот се наоѓаат и многу џамии од османлискиот период, како што е Големата џамија Ал Џарина, бидејќи пристанишниот град беше под власт на Османлиското Царство од 1516 до 1918 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın