Шумски пожари изгореа над 2.000 хектари во аргентинската провинција Чубут
Во гаснењето на огнената стихија се вклучени шест противпожарни авиони, кои им помагаат на копнените екипи што се борат да ги стават пожарите под контрола, особено во тешко достапните планински и шумски подрачја
ЧУБУТ (АА) - Пожарите зафатија големи површини во аргентинската патагонска провинција Чубут од почетокот на неделава, предизвикувајќи сериозна еколошка штета и активирање на засилен вонреден одговор на властите, јавува Анадолу.
Во соопштението објавено на 7 јануари аргентинското Министерство за национална безбедност соопшти дека постојат докази за употреба на забрзувачи на горење, што укажува на можноста пожарите намерно да се подметнати.
Во гаснењето на огнената стихија се вклучени шест противпожарни авиони, кои им помагаат на копнените екипи што се борат да ги стават пожарите под контрола, особено во тешко достапните планински и шумски подрачја.
Според локалните медиуми, досега се изгорени повеќе од 2.000 хектари земјиште.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
