свет

Шпанија се бори со бран пожари, изгорени површини од над 115.000 хектари

Регионот Кастиља и Леон е најпогоден, со повеќе од 20 активни пожари во покраините Замора, Леон, Саламанка и Авила...

Beyza Binnur Dönmez  | 17.08.2025 - Обновена : 17.08.2025
Шпанија се бори со бран пожари, изгорени површини од над 115.000 хектари Фото: Felipe Carnotto/AA

ЖЕНЕВА (АА) - Шпанија се бори со разорен бран пожари кои веќе изгореа повеќе од 115.000 хектари земја, принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат и одзедоа три животи, објавија денес шпанските медиуми, пренесува Анадолу.

Регионот Кастиља и Леон е најпогоден, со повеќе од 20 активни пожари во покраините Замора, Леон, Саламанка и Авила, објави РТВЕ. Во Галиција 14 пожари и понатаму се активни, опожарувајќи повеќе од 46.000 хектари само во провинцијата Оренсе.

Властите издадоа предупредувања за населението, а 68 лица сè уште се под наредба за притвор.

Други пожари продолжуваат да беснеат во Астурија и Екстремадура, каде официјалните претставници изразија особена загриженост за пожарот во Хариља, кој веќе проголта 4.800 хектари и останува „тотално надвор од контрола“ додека напредува кон градот Пласенсија.

Според извештаите, седум дополнителни пожари и понатаму се активни во регионот.

Во меѓувреме, во заедницата Валенсија, пожарникарите успеаја да ги стабилизираат пожарите во Тереза де Кофрентес и Хатива. Министерството за внатрешни работи соопшти дека 19 пожари низ целата земја моментално се на ниво 2.

Шпанскиот премиер Педро Санчез денес треба да ги посети погодените области во Оренсе и Леон, каде што ќе се сретне со координациски и тимови за итни случаи. Опозициската Народна партија ја повика централната влада да ја вклучи армијата во акциите за гаснење на пожарите.

Пожарите, исто така, го нарушија транспортот, а брзиот железнички сообраќај помеѓу Мадрид и Галиција е прекинат. Во Касерес, во општината Сегура де Торо на сила е наредба за ограничување на движењето бидејќи пожарот се шири опасно блиску.

Регионалните власти во Екстремадура објавија дека ќе побараат помош од војската со оглед на „екстремната сериозност“ на ситуацијата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın